Гвардиола: Ќе покажеме дека Манчестер Сити е посебен клуб

February 10, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Гвардиола: Ќе покажеме дека Манчестер Сити е посебен клуб

Манчестер Сити, кој долги години доминираше, оваа сезона се соочува со сериозни предизвици. Далеку е од борбата за титулата во Премиер лигата, а во Лигата на шампионите го очекува исклучително тежок осминафинален двомеч против Реал Мадрид. Сепак, тренерот Пеп Гвардиола е уверен дека неговиот тим допрва ќе го покаже своето најдобро издание, а токму дуелот со шпанскиот гигант ќе биде тест за нивната посебност. „Во последните пет години одигравме осум натпревари против Реал Мадрид, што не ми изгледа нормално. Се чини дека во новата ера на Лигата на шампионите, ова стана класично ривалство. Реал подобро ги амортизираше проблемите со повредите и затоа е лидер во Ла Лига, додека ние се соочувавме со нестабилност. Примивме многу голови и тоа нè чинеше, но полека се враќаме во ритам. Не е важно што реваншот се игра во Мадрид, бидејќи верувам дека нашиот тим има нешто посебно и се надевам дека ќе го покажеме тоа. Во денешниот фудбал, повеќе не е толку важно кој е фаворит на хартија“, изјави Гвардиола.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.