Гвардиола: Не ги бива топките во ФА Купот

March 3, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Гвардиола: Не ги бива топките во ФА Купот

И покрај тоа што Манчестер Сити обезбеди пласман во четвртфиналето на ФА купот со триумф од 3:1 над второлигашот Плимут, нивниот менаџер изрази незадоволство од квалитетот на топките што се користат во натпреварувањето. Според британските медиуми, Гвардиола го критикувал изборот на топки во ФА купот, истакнувајќи дека не се на исто ниво како оние што се користат во другите натпреварувања. Тој јавно ја критикуваше топката што се користи во ФА купот, нарекувајќи ја „нестандардна“ во споредба со оние од Лигата на шампионите (Adidas) и Премиер лигата (Nike). „Топката Mitre во ФА купот не е добра. Дури 20 удари завршија надвор од рамките на голот. Во нормални услови, тие би биле прецизни“, изјави Гвардиола. Фудбалската асоцијација веднаш реагираше, тврдејќи дека топката ги поминала сите потребни ФИФА тестови и нема никакви недостатоци. Ова не е првпат менаџер да се пожали на квалитетот на топките. Во февруари, стратегот на Арсенал, Микел Артета, упати критики кон топките Puma што се користат во Лига купот. По елиминацијата на „топчиите“ од Њукасл во полуфиналето, Артета потенцираше дека неговиот тим упатил 23 удари кон голот, а само 3 завршиле во рамките. Фудбалските власти тогаш одговорија дека топката е иста како онаа што се користи во лигите на Италија и Шпанија, алудирајќи дека проблемот не е во нејзиниот квалитет.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.