Гвардиола не може да се помири: Ни замина најсилниот дефанзивец

January 25, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Гвардиола не може да се помири: Ни замина најсилниот дефанзивец

Главниот тренер на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, не го криеше својот став откако и официјално се потврди дека Кајл Вокер ќе заигра за тимот на Милан.

„Кајл Вокер одлучи да си замине… Најсилниот, најсилниот, најбрзиот дефанзивец што го имаме одлучи да го напушти клубот,“ изјави тој со разочарување.
Сезоната досега беше турбулентна за Манчестер Сити, кој се наоѓа на петтото место во домашното првенство, додека во Лигата на шампионите потенцијално го чека елиминација уште во првата фаза. Овие проблеми дополнително ја отежнуваат позицијата на Гвардиола, кој сега мора да се соочи со реалноста дека неговите најдобри играчи го напуштаат тимот. Гвардиола не пропушти да му се заблагодари на Вокер за неговиот придонес.
„Тоа му го кажав лично, му го кажав пред тимот. Му посакувам само успех, како за него така и за неговото семејство,“ порача тој.
Додека Милан добива искусен и докажан дефанзивец, Сити мора да размисли како ќе ја пополни празнината што ја остава еден од најдобрите играчи во тимот и покрај лошата сезона која досега ја има.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.