September 27, 2024 | | Свет
Пеп Гвардиола денеска потврди дека сезоната за Родри е завршена по тешката повреда и рече дека има неколку играчи кои можат да покријат во средниот ред. Тој воедно вели дека постојат шанси да ангажираат фудбалер на таа позиција во јануари и дека пробаат да го надоместат неговото отсуство. „Матео Ковачиќ може да покрие, Гундоган исто така може да игра на таа позиција, исто како и Џон Стоунс. Ќе видиме, може ќе донесеме и засилување во јануари, зборував со спортскиот директор Чики Бегиристан. Но, нема потреба да избрзуваме, не сме под притисок да одлучиме утре, и онака има многу време додека да почне зимскиот преоден рок“, рече Гвардиола. Родри ги оштети вкрстените лигаменти на коленото против Арсенал откако сам се повреди згазнувајќи лошо.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |