Гвардиола одлучил да остане во Манчестер Сити!

November 16, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Гвардиола одлучил да остане во Манчестер Сити!

Договорот на Пеп Гвардиола со Манчестер Сити истекува наредното лето. Кога претходните два пати го продолжуваше договорот со „граѓаните“ тоа го правеше во месец ноември. На нивната клупа е од 2016 година, а тој има изјавено дека најверојатно ќе биде тука барем 10 години. Според ексклузивни информации на „Football Insider“, Шпанецот пресекол и донел одлука да продолжи во клубот уште една година, односно до 2026 година. Наводно, 99 проценти е се договорено и се очекува само официјално да биде потврдено. Воедно, во наредните неколку месеци ќе биде позната и првичната одлука за тоа дали Манчестер Сити ќе заработи некаква казна бидејќи добија тужба со дури 115 обвиненија од Премиер лигата за прекршување на финансискиот фер-плеј. Во моментов тимот е во криза, има четири порази во низа, што се случува за прв пат во кариерата на Шпанецот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.