December 13, 2024 | | Свет
Пеп Гвардиола очајно ја поднесува лошата форма на Манчестер Сити. Во претходните десет натпревари оствари само една победа, вели дека не спие добро, ниту јаде добро. Тој додаде дека го фаќа нервоза, носи брзи одлуки, погрешни потези, кога работите почнуваат да му стануваат збунувачки. „Дали сум нервозен и понекогаш ги губам нервите?! Да. Полошо спијам и храната не ја варам правилно. Секогаш морам да јадам нешто лесно. Само супа навечер. Но, јас сум истиот тренер од пред пет месеци, кој ја освои титулата во Премиер лигата“, вели Гвардиола. Новиот предизвик за Гвардиола ќе биде дуелот со Манчестер Јунајтед викендов.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |