Гвардиола: Порано или подоцна пак ќе доминираме

December 28, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Гвардиола: Порано или подоцна пак ќе доминираме

Манчестер Сити утре ќе се сретне со Лестер на гости. Дуелот е закажан за 15:30 часот. На денешната прес-конференција, Пеп Гвардиола се осврна на серијата проблеми со кои се соочува неговиот тим оваа сезона. Сити е во серија од 13 натпревари со само една победа, што го поставува тимот во лоша позиција во Премиер лигата и Лигата на шампионите. „Нема да се откажам. Сакам да останам тука и да се борам. Не сакам да го разочарам мојот персонал, клубот, навивачите и сите кои го сакаат Сити. Во моментов не чека тешко гостување во Лестер, но играчите се подготвени. Продолжуваме понатаму. Се надевам дека ќе успееме да се справиме со тешкотиите, но повредите се голем проблем. Не очекувавме дека нивното влијание ќе биде толку силно, но и покрај тоа гледам добар дух меѓу играчите и нивната посветеност на тренинзите. Тие се фокусирани на своите задачи. Тоа е причината што досега сме имале успех, затоа што никогаш не сме сметале дека постигнатото е доволно и секогаш сме се стремеле кон повеќе. Нашата должност е да им ја понудиме на навивачите она што го очекуваат и да ја вршиме нашата работа. Претпочитав да не бидеме во оваа ситуација, но такви се околностите. Се трудам да останам смирен и да ја разбирам ситуацијата, за да можеме да направиме подобри резултати во следниот натпревар. Кога сите играчи ќе се опорават од повредите, ќе им побарам да дадат максимално“, изјави Пеп.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.