Гвардиола потврди: Де Брујне останува!

July 23, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Гвардиола потврди: Де Брујне останува!

Гвардиола ги демантираше шпекулациите поврзани со Де Брујне и потврди дека Кевин ќе остане во Манчестер Сити. „Кевин нема да си замине. Ако некој замине, ќе разговараме околу тоа“, рече Гвардиола пред првиот натпревар од американската турнеја против Селтик. Воедно потврди и дека ќе нема поголеми промени во тимот наредната сезона. „Секако, постојат шанси за трансфери до последниот ден, не ја исклучувам можноста за нови играчи, но мислам дека постојат 85 до 90 проценти шанси да бидеме во истиот состав и следната сезона“, вели тој. Де Брујне во Сити е од 2015 година, кога пристигна за 70 милиони евра од Волфсбург, а неговиот договор истекува наредното лето.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.