Гвардиола пред судењето: Невини сме се додека не се докаже спротивното

September 13, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Гвардиола пред судењето: Невини сме се додека не се докаже спротивното

Во понеделник започнува судењето против Манчестер Сити кои со дури 115 прекршувања на финансискиот фер-плеј се теретат дека наводно не биле транспарентни, дека давале плати на незаконски начин и дека не давале извештаи кога тоа било побарано од Премиер лигата. Гвардиола изјави дека со нетрпение го очекува судењето и рече дека секој е невин се додека не се докаже спротивното. „Мило ми е што наскоро ќе се заврши драмата и ќе се реши случајот. Јас не сум адвокат, секој може да зборува што сака и да пишува. Сметам дека секој е невин додека не се докаже спротивното“, кажа Гвардиола.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.