Гвардиола пресече: Ќе продаде осум играчи чие време поминало

February 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Гвардиола пресече: Ќе продаде осум играчи чие време поминало

Манчестер Сити планира голема реконструкција на тимот по завршувањето на сезоната, а Пеп Гвардиола подготвува значителни промени во составот. По слабата сезона во Премиерлигата и раната елиминација од Лигата на шампионите, клубот ќе се раздели со осум фудбалери. Во списокот на заминувања се најдоа некои клучни играчи, како Џек Грилиш, Кевин де Брујне, Бернардо Силва, Џон Стоунс, Матео Ковачиќ, Илкај Гундоган и Едерсон. Дополнително, Кајл Вокер се очекува да остане во Милан по завршувањето на неговата позајмица. Многу работи не функционираат како што треба во редовите на „граѓаните“, па летниот преоден рок ќе донесе големи промени.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.