Гвардиола: Родри нема веќе да игра сезонава!

September 27, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Гвардиола: Родри нема веќе да игра сезонава!

Пеп Гвардиола ги потврди најлошите вести за Манчестер Сити, а тоа е дека сезоната за Родри е завршена. „Да, сезоната за Родри е готова. Тој ќе се врати за следната. Врз него денеска извршена е успешна операција и сега следува долга рехабилитација“ изјави Гвардиола. Шпанецот се здоби со руптура на предниот вкрстен лигамент на деносото колено на дербито со Арсенал. Тој рече дека допрва ќе се разговара за тоа дали ќе потпишат нов играч од средниот ред во зимскиот преоден рок.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.