Гвардиола: Роналдо беше ѕвер, а таткото на тој ѕвер беше Меси!

October 29, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Гвардиола: Роналдо беше ѕвер, а таткото на тој ѕвер беше Меси!

На денешната прес-конференција на Пеп Гвардиола, тој зборуваше за Родри кој беше прогласен за освојувач на Златната топка, а исто така ја спомена и доминацијата која ја имаа Меси и Роналдо освојувајќи ги тие награди. „Никој не можеше да го совлада Меси, само Роналдо. Кристијано беше ѕвер, а таткото на тој ѕвер беше Меси. Двајцата направија нешто неверојатно во последните 20 години и можеби во тие моменти Чави и Иниеста исто така ја заслужуваа Златната топка. Мислам дека Родри вчера го доби она што шпанскиот фудбал го заслужи на светско ниво“, рече Гвардиола.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.