October 26, 2024 | | Свет
Манчестер Сити во моментов води активни преговори со Пеп Гвардиола чиј договор истекува на крајот на сезоната. И додека едни пишуваат дека тој ќе замине, а други дека тој ќе го продолжи договорот за уште сезона, Пеп вели дека сè уште нема донесено конечна одлука. Новинарите го запрашале за тоа како ќе изгледа клубот кога тој ќе замине и дали Сити може да има иста судбина како Јунајтед по заминувањето на Сер Алекс Фергусон. „Не знам што се случи со Манчестер Јунајтед. Ќе биде лош знак за клубот ако почна да се „распаѓа“ по заминувањето на еден човек. Можеби ќе направат некои грешки, но ќе успеат брзо да ги поправат. Луѓето овде знаат што треба да прават во секоја ситуација. Структурата на клубот е солидна, а ваквите клубови не зависат од еден човек, се поинаку не би било добро. Можеби некој помисли дека јас и Чики сме тука многу долго и не можеме да заминеме, но не е така. Секој може да замине, животот продолжува понатаму“, изјави Гвардиола.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |