Гвардиола за Аморим: Ако е квалитетен, не е проблем што е млад тренер

October 30, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Гвардиола за Аморим: Ако е квалитетен, не е проблем што е млад тренер

Ситни детали недостасуваат за Рубен Аморим да биде потврден како нов тренер на Манчестер Јунајтед. Клубот ќе ја плати неговата клаузула од 10 милиони евра, а се очекува трансферот да биде завршен оваа недела. Пеп Гвардиола беше запрашан дали е проблем што Рубен Аморим со своите 39 години ќе стане тренер на голем клуб. „Зошто да биде проблем бидејќи е млад? Јас започнав во Барселона со 37 години. Знаење е знаење. Ако те бидува, не е важно. Дали поради таа причина, Јамал не може да игра во Барселона со своите 17 години? Она што е важно е талентот. Ако си добар, не се важни годините“, рече Гвардиола. Аморим започна како тренер на Каса Пиа, продолжи во вториот тим на Брага, потоа беше прекомандуван во првиот тим на Брага со кого го освои португалскиот Лига Куп, а во Спортинг Лисабон истиот трофеј го освои уште два пати, освои еден Супер Куп, како и две лигашки титули, едната во 2021, а другата минатата сезона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.