Гвардиола за клучниот играч: Би сакал да остане, но тоа зависи од другите клубови

July 24, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Гвардиола за клучниот играч: Би сакал да остане, но тоа зависи од другите клубови

Манчестер Сити на големо се подготвува за следната сезона а Гвардиола би можел да остане без еден од неговите клучни играчи. Се работи за голманот Едерсон кој има договор до 2026 година, а има сериозен интерес за него од Саудиска Арабија и Едерсон е повеќе од отворен за таквата понуда. „Би сакал да остане, но тоа зависи од другите клубови. Не ја знам ситуацијата. Немаше контакти во последните денови. Прашање е на тренинзи, да биде со нас додека не заврши преодниот рок и ќе видиме“, вели Гвардиола. Едерсон прво преговараше со Ал Наср каде преговорите пропаднаа, а сега преговара со Ал Итихад.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.