Гвардиола за најдобриот на сите времиња: Никогаш не сум видел некој како него

October 14, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Гвардиола за најдобриот на сите времиња: Никогаш не сум видел некој како него

Пеп Гвардиола од секогаш имал јасен став околу тоа кој фудбалер е најдобар на сите времиња. Тој воопшто нема дилеми околу оваа тема каде секогаш велел дека Лионел Меси е најдобриот. ,,За мене е лесно да се каже дека е најдобар на сите времиња, но ѕвездите се наместија во вистински момент. „GOAT“? Можеби тоа е недостаток на почит кон Пеле и Марадона, но за мене тој е. Никогаш не сум видел некој како Меси како тренер, не можете да замислите да го одржува овој континуитет 15-20 години. Го гледав Меси секој ден на тренинзите и секој трет ден на натпреварите. Не сме ни свесни колкава среќа имавме да можеме да го гледаме’’, рече Гвардиола за ТВ шоуто „Che Tempo, Che Fa“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.