Гвардиола: Знаеме кој ја носи одлуката за „Златната топка“

October 30, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Гвардиола: Знаеме кој ја носи одлуката за „Златната топка“

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, беше пресреќен бидејќи Родри е освојувачот на „Златната топка“. Минатата сезона Шпанецот успеа да ја одбрани Премиер лигата со Сити, беше освојувач на Европското првенство со Шпанија на кое беше прогласен за најдобар играч и она што е неверојатно што во периодот од 1. август 2023 година па до сега, Родри има само еден пораз со Сити, тоа е финалето на ФА купот минатата сезона против Манчестер Јунајтед. Гвардиола рече дека во минатото не можеле да замислат дека играч на Манчестер Сити ќе ја освои ваквата награда. Тој беше запрашан и за тоа како го коментира тоа што Винисиус не ја доби оваа награда. „Дали Винисиус требаше да победи? Можеби, но сè се случи како што се случи. Одлуките ги носат новинарите, а не елитната група на луѓе. „Гласањето се одржа низ целиот свет, не само во една земја“, изјави Гвардиола.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.