Халанд го бутна негативниот рекорд на Гвардиола

August 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Халанд го бутна негативниот рекорд на Гвардиола

Манчестер Сити го совлада Челси со 2-0 на Стемфорд Бриџ со головите на Халанд и Ковачиќ каде покажаа искуство и начин на кој се победуваат ваквите натпревари. Халанд даде прекрасен гол, но генерално не беше воопшто активен во играта при што ги бутна еден од негативните рекорди на Пеп Гвардиола. Тој даде гол, но за време на целиот натпревар тој имаше само три додавања, што е баш интересно за тренер кој не преферира ништо друго освен  „тики-така“, тактика врз база на многу пасови и контрола преку додавањата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.