Халанд има јасен услов за да потпише нов договор со Манчестер Сити

September 12, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Халанд има јасен услов за да потпише нов договор со Манчестер Сити

Ерлинг Халанг фуриозно ја започна сезоната во Премиер лигата каде веќе има седум голови. Неговиот договор со Сити трае уште три години, а веќе одреден период се преговара за нов договор, пишува „Football Insider“. Наводно, разговорите одат во добра насока, а Халанд има услов кој го загрижува клубот. Тој инсистира во новиот договор да има откупна клаузула ако во иднина тој се реши да ја промени средината, а токму целта на клубот е да му дадат нов договор за да спречат потенцијално негово заминување. Висината на откупната клаузула засега не се открива, но клубот ќе инсистира истата да биде што е можно поголема што всушност ќе биде гаранција дека нема така лесно да го изгубат во иднина. „Не мислам дека потенцијалната клаузула во договорот на Халанд ќе важи за одреден клуб. Слушнавме такви гласини, но вистината е дека Халанди отсекогаш имал клаузула во неговиот договор претходно, уште од неговото време во Борусија Дортмунд. Во Ман Сити, исто така, може да се стави таква клаузула, но таа нема да важи само за Реал Мадрид, туку за секој клуб што може да си го дозволи тоа. Во последните месеци преговорите меѓу Халанд и Сити се во тек за нов договор. Ова е приоритет за клубот. И играчот таму е среќен и сака да остане. Овие преговори траат со месеци, можеби и половина година. Има активност на двете страни и има реални шанси во одреден момент да се договорат“, пренесува трансфер експертот Фабрицио Романо.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.