October 5, 2024 | | Свет
Иднината на Ерлинг Халанд во Манчестер Сити останува предмет на интензивни шпекулации, а норвешката суперѕвезда наводно е отворена за потпишување нов договор на „Етихад“. Сепак, има услов за да го направи тоа. Според „TEAMtalk“, Халанд е отворен да продолжи во Сити и да го продолжи договорот само под еден услов - клаузула од 100 милиони фунти. Овој медиум тврди дека ваквата бројка, го става Сити во тешка позиција и поради ова преговорите се во мирување. Клубот е разбирливо претпазлив, знаејќи дека европската елита, вклучувајќи ги Реал Мадрид и Пари Сен Жермен, би била повеќе од подготвена да ја изедначи таа цена за еден од најбараните таленти во фудбалот. Манчестер Сити, сепак, не отстапува лесно. Тие, наводно, сакаат клаузулата да биде многу повисока, како одраз на пазарната вредност на Халанд и нивната желба да го задржат што е можно подолго. Според „TEAMtalk“, Сити всушност „знае дека речиси сигурно ќе го загуби Халанд бидејќи клубовите со задоволство би платиле 100 милиони фунти за да го доведат“. Силно заинтересирана екипа за Халанд е и Барселона каде наводно претседателот Лапорта планира да донесе ѕвездено засилување на новиот „Камп Ноу“. Потенцијалниот трансфер на Халанд во било која од овие екипи ќе зависи од тоа дали Халанд ќе има клаузула, дали Сити би барал премногу за него ако истата ја нема, но и колкава плата би барал Норвежанецот ако веќе реши да замине.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |