Халанд сака да го продолжи договорот со Сити, но под еден услов

November 18, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Халанд сака да го продолжи договорот со Сити, но под еден услов

Манчестер Сити води активни преговори со Ерлинг Халанд за нов договор и според истиот напаѓачот ќе има плата од 500.000 фунти неделно, пишува „Daily Mirror“. Ако се постигне договор, истиот би бил потпишан до 2029 година. Проблемот е сепак откупната клаузула. Имено, Халанд има откупна клаузула од околу 150 милиони фунти (околу 180 милиони евра) и Манчестер Сити сака да ја тргне. Агентите на Халанд пак инсистираат да има откупна клаузула и во новиот договор, а истиот медиум пренесува дека би можел да се постигне компромис каде новата откупна клаузула би била 200 милиони фунти (околу 240 милиони евра).

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.