Халанд сруши рекорд: Ќе биде најскапиот играч во историјата на „Фантази Премиер лига“

July 11, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Халанд сруши рекорд: Ќе биде најскапиот играч во историјата на „Фантази Премиер лига“

Ерлинг Халанд е еден од најдобрите напаѓачи во светот, а денеска официјално се потврди дека сруши уште еден рекорд. Имено, во новата сезона ќе стане првиот фудбалер кој на популарната игра „Фантази Премиер лига“ ќе има вредност од 15 милиони фунти. Рекордот го држеа тројца играчи: Кристијано Роналдо, Тјери Анри и Робин Ван Перси кои вредеа по 14 милиони фунти. Минатата сезона дури 73 отсто од играчите го имаа во своите тимови.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.