Халанд статистички засенет од ѕвездата на Спортинг!

November 6, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Халанд статистички засенет од ѕвездата на Спортинг!

Манчестер Сити вчера беше тешко поразен од Спортинг Лисабон предводен од идниот тренер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим. Португалскиот клуб славеше со убедливи 4-1, а одново внимание во јавноста привлече голгетерот Виктор Ѓекереш кој забележа хет-трик. Од друга страна, голгетерот на Сити Ерлинг Халанд промаши пенал. УЕФА пред натпреварот објави дека Ѓекереш има 22 гола сезонава во сите натпреварувања, а Халанд 17, но по натпреварот Швеѓанецот дојде до бројката од 25 погодоци и засега го засенува Норвежанецот во тој сегмент.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.