Ханси Флик се соочува со суспензија од два натпревара по инцидентот со судијата

December 8, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ханси Флик се соочува со суспензија од два натпревара по инцидентот со судијата

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, се соочува со суспензија од два натпревара поради инцидентот што се случи на вчерашниот натпревар против Бетис во Ла Лига (2:2). Германскиот стратег беше исклучен во 66. минута по расправијата со судијата за досудениот пенал против Каталонците. Во извештајот од натпреварот се наведува дека Флик бил отстранет поради вербални напади, гестикулации и протестирање против одлуката на судијата Алехандро Муњиз. Според Дисциплинскиот законик на Шпанската фудбалска федерација, за ваков прекршок предвидена е суспензија од два до три натпревари. Дисциплинската комисија на РФЕФ ќе донесе одлука за санкцијата следната недела. Во меѓувреме, Барселона ќе игра без Флик во следните два натпревари од Ла Лига, против Леганес и Атлетико Мадрид, а двата натпревари ќе се играат на домашен терен.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.