July 12, 2024 | | Свет
Новиот тренер на Барселона Ханси Флик имал необично барање до клубот, а тоа е дека сите фудбалери мора да ги проверат своите заби, односно да направат дентален преглед. Клубот морал да ангажира специјализиран доктор по стоматологија како дел од лекарскиот персонал со цел да се направат тестовите. Позади ова се кријат неколку причини. Имено, лошата дентална хигена и расипани заби можат да придонесат за проблеми со мускулите, како тендонитис и артритис. Расипаните заби исто така влијаат и врз заморот на спортистите, а го забавуваат и процесот на опоравување од повреди. Ова значи дека со расипани заби фудбалерите и спортистите генерално полошо ја сочвакуваат храната, со тоа придонесува за лошо варање на храната, а тоа влијае и врз мусклулите, со оглед на тоа дека не стигнуваат доволно хранливи материи.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |