Ханси Флик во неизвесност: Левандовски доби понуда од 100 милиони евра

August 13, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ханси Флик во неизвесност: Левандовски доби понуда од 100 милиони евра

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, би можел да се соочи со сериозни главоболки уште пред да започне новата сезона, доколку остане без еден од своите најважни играчи – Роберт Левандовски. Полскиот голгетер, кој е вистинска гол-машина, добил понуда што тешко се одбива – 50 милиони евра годишно, што во вкупен износ за двегодишен договор изнесува неверојатни 100 милиони евра. Левандовски, кој неодамна наполни 37 години, пристигна на „Камп Ноу“ во 2022 година од Баерн Минхен и има договор со клубот до летото 2026. И покрај своите години, минатата сезона имаше извонредна форма, постигнувајќи 42 гола на 52 натпревари во сите конкуренции, со што беше прва офанзивна опција на каталонците. Во јуни, во интервју за „Билд“, тој категорично изјави дека нема намера да ја напушти Барселона. „Тоа не е проблем за мене, останувам и следната сезона. Во моментов мислам само на Барселона. Нашиот тим ќе биде уште подобар. Физички се чувствувам како да имам 30 години. На крајот од денот, го правам она што срцето и умот ми го кажуваат.“ Но, според шпанскиот „Ел Насионал“, ситуацијата драстично се променила откако од Саудиска Арабија пристигнала сензационална понуда, која освен огромна плата, вклучува и специјални бенефиции за него и неговото семејство. Иако името на клубот сè уште не е откриено, во Барселона владее загриженост. Флик е свесен дека губењето на Левандовски би било тежок удар за тимот, а спортскиот директор Деко инсистира играчот што поскоро да ја донесе својата одлука, за клубот да има време да реагира на пазарот и да пронајде адекватна замена.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.