June 18, 2024 | | Свет
Во дуелот на Украина против Романија, тие се сметаа за фаворити, но неочекувано претрпеа пораз од 3-0. Но, после поразот на Украина се случувала вистинска драма во соблекувалната. Според германски „Bild“, селекторот Сергеј Ребров не бил присутен на таа средба бидејќи голманот Андриј Лунин и играчот на Арсенал Олександер Зинченко го исфрлиле од соблекувалната. Токму селекторот после натпреварот рече дека играчите се винови за поразот. „Ние ја претставуваме Украина на овој турнир, тоа е важен момент за целата нација. Играчите добиваа пораки од воини, од војници во минатото. Секој играч треба да го даде најдоброто од себе. Ако не го направат, ќе биде тешко“, рече тој. Ребров додаде дека е сигурен дека на играчите им е жал. „Им кажав дека претставуваат голема и силна земја која повеќе од две години се бори за нашата слобода, за сите нас. Мораме да се подготвиме за следниот натпревар против Словачка. Да ја покажеме другата страна на Украина“, рече Ребров на прес-конференцијата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |