Хаос на Копа Америка: Навивачите преку вентилацијата влегуваа на стадионот! (ВИДЕО)

July 15, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Хаос на Копа Америка: Навивачите преку вентилацијата влегуваа на стадионот! (ВИДЕО)

Финалето на Копа Америка помеѓу Аргентина и Колумбија кој се играше на „Хард Рок“ стадионот во Мајами, доцнеше околу еден час поради хаосот кој го предизвикаа навивачите, особено колумбијските. Многу фанови влегоа без билети на стадионот, а оние кои имаа останаа надвор. Оние кои сакаа да влезат без билет на секаков начин се обидуваа да влезат на стадионот, а некои пробуваа тоа да го направат дури и преку вентилацијата. Фановите со купени билети плачеа пред стадионот, а ова беше скандалозно лоша организација. За потсетување е дека во 2026 година во САД ќе бидат одиграни најголем дел од натпреварите за Светското првенство па ќе мораат да се корегираат до тогаш.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.