September 10, 2025 | | Свет
Веќе речиси една година, натпреварите во Србија се придружени со скандирања против актуелниот режим и претседателот Александар Вучиќ. Синоќа тоа повторно се случи, но со нова ескалација – во обид да се замолчат критичарите, на трибините беа распоредени групи тепачи кои физички напаѓаа навивачи што скандираа против власта. Инцидентите почнаа веднаш по првите пароли, кога агресивци од долните делови на трибините се нафрлија врз дел од публиката. Навивачите кои беа со деца мораа набрзина да ја напуштат арената за да избегнат посериозни последици. Особено загрижи тоа што полицијата не интервенираше, туку пасивно набљудуваше како насилници воспоставуваат „ред“ на стадионот. И покрај ваквите сцени, навивачките скандирања против Вучиќ, против власта и дури против селекторот Драган Стојковиќ – сметан за близок до претседателот – не престанаа и траеја сите 90 минути.
— Dečak iz kraja (@Virim_iz_coska) September 9, 2025
— sports_journalist (@sportsi50558301) September 9, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |