Хаос на трибините: Мијатовиќ во вербален судир со навивачите на Партизан по поразот од Звезда (ВИДЕО)

September 21, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Хаос на трибините: Мијатовиќ во вербален судир со навивачите на Партизан по поразот од Звезда (ВИДЕО)

Партизан доживеа пораз од 1-2 во вечното дерби против Црвена Звезда во 9. коло од Суперлигата на Србија, а веднаш по крајот на натпреварот на трибините настана вистински хаос. Главна улога имаше членот на управата на „црно-белите“ Предраг Мијатовиќ, кој влезе во жестока вербална пресметка со дел од навивачите. Атмосферата беше толку напната што мораа да реагираат и други лица од свечената ложа за да спречат ескалација на ситуацијата. На видеото кое кружи на социјалните мрежи нема тон, но јасно се гледа дека двете страни имале многу што да си кажат.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.