Хаос во Бугарија: Благослов од попови, па брутален напад на делегатот (ВИДЕО)

February 16, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Хаос во Бугарија: Благослов од попови, па брутален напад на делегатот (ВИДЕО)

Натпреварот од 21-то коло на бугарскиот шампионат меѓу Локомотив и Септември веројатно немаше да биде во центарот на вниманието, ако не беа неколку необични моменти. Мечот започна со свечена церемонија – домаќините ја одбележаа годишнината на клубот со молитва, која ја предводеше свештеник на самиот терен. Но, спротивно на мирниот почеток, крајот беше хаотичен. Гостите од Софија успеаја да слават со 0-1, што ги разгневи домашните навивачи. Во завршните моменти на средбата, некои од нив влетаа на теренот и физички го нападнаа делегатот на мечот, кој претрпе повреди и прокрвари од носот по жестоките удари.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.