May 19, 2025 | | Свет
Интер пропушти важна можност да го престигне Наполи на табелата во Серија А, откако одигра само 2-2 против Лацио, додека Наполи освои само еден бод кај Парма. Италијанските медиуми јавуваат дека ситуацијата во соблекувалната на Интер по натпреварот била напната. Соблекувалната била заклучена речиси еден час, а во неа се расправале тренерот Симоне Инзаги, фудбалерите и дел од раководството на клубот. Дополнително, ниту еден претставник на Интер не даде изјава по натпреварот. Клубот одлучил да ги бојкотира медиумите поради незадоволството од одлуките на судиите. Не сакале со „жешки глави“ да зборуваат пред јавноста, па решиле да молчат. Наполи сега има еден бод повеќе од Интер пред последното коло. Во последниот натпревар, Наполи ќе игра дома против Каљари, кој веќе обезбеди опстанок и нема мотив. Се смета дека Наполи ќе ја искористи шансата. Интер, пак, ќе гостува кај Комо, каде мора да победи и да се надева на кикс на Наполи.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |