December 5, 2024 | | Свет
Каи Хаверц му ја донесе Лигата на Шампиони на Челси, постигнувајќи го победничкиот гол во финалето против Манчестер Сити и на тој начин стана херој за многу фанови на клубот. Сепак, последните изјави на Германецот предизвикаа бурни реакции, особено кај навивачите на „Стемфорд бриџ“. По летниот трансфер во 2023 година, кога го напушти Челси и потпиша за градскиот ривал Арсенал, Хаверц го отвори прашањето за својата одлука. „Од денешна перспектива, мислам дека заминувањето од Челси и потписот за Арсенал ми е најдобра работа што ја имам направено во животот. Пресреќен сум во Арсенал, имам голема поддршка од сите во клубот, од првиот ден кога дојдов овде“, изјави Хаверц.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |