„Here we go“: Миовски е нов фудбалер на Жирона!

August 12, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

„Here we go“: Миовски е нов фудбалер на Жирона!

Штотуку пристигна потврда и од Фабрицио Романо, а тоа е дека македонскиот фудбалер Бојан Миовски е новиот играч на Жирона. Ова за Миовски ќе биде трансфер на кариерата каде ќе има шанси да заигра во нова лига, како и во најелитното европско натпреварување каде историски Жирона минатата сезона успеа да избори пласман. Трансферот ќе чини околу осум милиони евра, а целта на Миовски беше да заигра во Лигата на шампионите, а тој е директна замена за Украинецот Довбик кој замина во Рома откако го одби Атлетико Мадрид.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.