Херојот Стонс донесе победа на Сити во 95. минута! (ВИДЕО)

October 20, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Херојот Стонс донесе победа на Сити во 95. минута! (ВИДЕО)

Манчестер Сити оствари голема победа од 2:1 на гостувањето кај Вулверхемптон во осмото коло од англиската Премиер лигата. Домаќините поведоа во седмата минута со голот на Јорген Странд Ларсен. Во 33. минута Сити се врати во игра со прекрасниот гол на Гвардиол. Сити притисна во вториот дел, но одбраната на домаќините беше цврста. Сепак, голот за победа дојде во 95. минута каде повторно херој за Сити беше Џон Стонс, овој пат со гол од корнер. Иако се проверуваше ВАР поради наводен офсајд, сепак беше одлучено дека сѐ е чисто.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.