Херојот Тринкао ја реши Данска и ја однесе Португалија во полуфинале (ВИДЕО)

March 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Херојот Тринкао ја реши Данска и ја однесе Португалија во полуфинале (ВИДЕО)

Португалија успеа да се пласира во полуфиналето на Лигата на нации совладувајќи ја Данска со 5-2. Гостите влегоа во натпреварот со предност од 1-0, но по 120 минути борба, Португалија славеше убедлива победа од 5-2 и обезбеди пласман во полуфиналето на Лигата на нации. Возбудувањата започнаа уште во раната фаза на мечот – во шестата минута, Кристијано Роналдо не реализираше пенал, откако Шмајхел успеа да го одбрани неговиот удар. До водство Португалците стигнаа во 38. минута, кога Андерсен постигна автогол. Но, во вториот дел, Кристенсен донесе израмнување на 1-1 во 55. минута. Во 72. минута, Роналдо ја поправи својата грешка од пеналот и со гол донесе ново водство за Португалија (2-1). Само четири минути подоцна, Ериксен реализираше за 2-2, но Тринкао во 86. минута повторно ги донесе Португалците во предност (3-2), резултат со кој натпреварот отиде во продолженија. Тринкао на самиот почеток од дополнителните 30 минути постигна уште еден гол за 4-2, а конечните 5-2 ги постави Рамош во 115. минута. Во полуфиналето на Лигата на нации, Португалија ќе се соочи со Германија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.