Херојот Зиркзе влезе во игра и му донесе победа на Јунајтед! (ВИДЕО)

August 16, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Херојот Зиркзе влезе во игра и му донесе победа на Јунајтед! (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед на мускули успеа да го совлада Фулам со минимални 1:0 а стрелец беше новото засилување Џошуа Зиркзе со голот во 87. минута на асистенција на Гарначо. Јунајтед можеше да ја дуплира предноста пред крајот на натпреварот кога Гарначо промаши празен гол, а му намести Рашфорд. „Црвените ѓаволи“ можеа уште во првото полувреме да го решат натпреварот каде Бруно Фернандеш имаше две чисти шанси за гол. Наредното коло Јунајтед ќе гостува кај Брајтон, а Фулам го дочекува Лестер.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.