Херојска победа на Барселона во Лисабон со играч помалку (ВИДЕО)

March 5, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Херојска победа на Барселона во Лисабон со играч помалку (ВИДЕО)

Барселона извојува херојска победа на гостувањето против Бенфика, славејќи со 0-1, иако играше со играч помалку уште од првото полувреме. Натпреварот започна со доста неизвесност, а каталонскиот тим се најде во голем проблем кога Пау Кубарси заработи директен црвен картон во 22. минута. Првите 45 минути завршија без погодоци, но Барса не се предаде и покрај бројчаната негатива. Клучниот момент се случи во 61. минута, кога Бразилецот Рафиња ја искористи големата грешка на домашната одбрана. Прими топка, направи неколку чекори и со прецизен удар го матираше голманот на Бенфика. Домаќините се обидоа со сите сили да изборат реми, но Барселона одолеа на притисокот и се враќа во Шпанија со минимална, но многу значајна победа.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.