December 4, 2024 | | Свет
Во својата кариера Хесе Родригез играше за тимови како Реал Мадрид, ПСЖ и неколку други европски клубови пред да потпише летово за малезискиот Јохор ДТ. Триесет и едногодишниот фудбалер во гостување на една емисија зборуваше за периодот во Мадрид и во Париз, а особено интересен беше коментарот за Насер Ал-Келаифи. „Во ПСЖ имав добар договор и ме плаќаа многу. Се сеќавам кога првпат видов милион на сметката. Си реков: Добиваш олку пари за да даваш голови? Лошо се однесуваа со мене, тоа ми помогна да сфатам дека Реал е најголемиот клуб во светот. Дебитирав за ПСЖ со асистенција за победа, а потоа два месеца бев надвор од терените поради здравствени проблеми. Кога дојде зимата, ми рекоа дека мора да си заминам. Претседателот не сакаше да ме види. Не знам дали мојата сопруга му се допаѓаше повеќе од мене. Не ми дадоа објаснување. Многу заработив, но бев разочаран од третманот. Се чувствував како да имам работа со милијардер кој се однесува кон играчите како да се потрошни фигури за игра“, вели Хесе.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |