Хет-трик на Левандовски за убедлива победа на Барселона (ВИДЕО)

October 6, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Хет-трик на Левандовски за убедлива победа на Барселона (ВИДЕО)

Барселона славеше со убедливи 3-0 на гостувањето кај Алавес со трите гола на Роберт Левандовски. Полјакот успеа да ги постигне трите гола за 32. минути каде за првите два гола му асистираше Рафиња, а за третиот гол му намести Ерик Гарсија. Левандовски го отвори резултатот во 7. минута, вториот гол падна во 22. минута, а третиот гол само десет минути подоцна. На репрезентативната пауза Барселона заминува како лидер во Ла Лига пред Реал Мадрид со предност од три бода. Во моментов Левандовски е најдобар стрелец во најдобрите ТОП 5 Лиги со 12 гола, пред Ерлинг Халанд со 11 и Хари Кејн со 10 голови.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.