Холандија пресилна за Романија, оди во четвртфинале! (ВИДЕО)

July 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Холандија пресилна за Романија, оди во четвртфинале! (ВИДЕО)

Холандија на крај убедливо ја совлада Романија со 3-0 и се пласираше во четвртфиналето. Холанѓаните сега ќе го чекаат победникот од вечерашниот дуел меѓу Австрија и Турција, дуел кој се игра од 21 часот. Првиот гол го постигна Гакпо во 20. минута. Во 63. минута му беше поништен и гол на Гакпо поради офсајд. Вториот хол за Холандија го постигна Дони Мален на асистенција на Гакпо, а и третиот гол беше дело на Дони Мален овојпат на асистенција на Чави Симонс. Холандија одигра одлично во овој натпревар, но пред голот ќе мораат да бидат поефикасни бидејќи многу шанси пропуштија денес.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.