Холандија со пресврт ја сруши Турција и закажа полуфинале со Англија! (ВИДЕО)

July 6, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Холандија со пресврт ја сруши Турција и закажа полуфинале со Англија! (ВИДЕО)

Холандија го сврте резултатот против Турција и во полуфиналето ќе се сретне со Англија. Холанѓаните добро го започнаа мечот, но потоа некаде од 20-тата минута Турците почнаа да напаѓаат и постигнаа гол, а Холандија делуваше шокирано. Стрелец на голот за Турција беше Акајдин кој со глава го совлада Фербруген за водство. Во второто полувреме Холандија мораше да нападне а во 70. минута Де Фрај постигна убав гол со глава на асистенција на Депај. Шест минути подоцна Холандија поведе со автоголот на Мулдур. Холандија во полуфиналето ќе игра со Англија, а другото полуфинале го сочинуваат Шпанија и Франција. Првото полуфинале меѓу Шпанија и Франција ќе се одигра во вторник, а Холандија и Англија се соочуваат следниот ден.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.