Холандија тагува: Почина Јохан Нескенс, еден од најдобрите фудбалери на минатиот век

October 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Холандија тагува: Почина Јохан Нескенс, еден од најдобрите фудбалери на минатиот век

Почина Јохан Нескенс, еден од најдобрите фудбалери на 20 век. Најголемата слава во својата кариера ја стекна играјќи за холандската репрезентација, како и за клубовите Барселона и Ајакс. „Со заминувањето на Јохан Нескенс, холандскиот и светскиот фудбал изгуби легенда“, објави холандскиот фудбалски сојуз. Заедно со Кројф беа дел од златната генерација на Ајакс која освои три европски купа на почетокот на 1970-тите. Тој беше играч за врска и се сметаше за еден од најважните соработници на Јохан Кројф во Ајакс, Барселона и холандската репрезентација.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.