Холандија во шок: Акајдин го „реши“ Фербруген! (ВИДЕО)

July 6, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Холандија во шок: Акајдин го „реши“ Фербруген! (ВИДЕО)

Селекцијата на Турција ја шокираше Холандија и води на полувреме со 1:0 со голот на Акајдин во 35. минута каде со глава ја смести топката во голот на Фербруген. Холандија во првите 20 минути беше подобра, но потоа Турција се ослободи од притисокот и почна да напаѓа. Акајдин го замени суспендираниот Демирал и засега ја оправдува оваа улога. Водството тотално ја шокираше Холандија која од тој момент е можеше никако да се пронајде себе си до крајот на полувремето, па така не успеа да дојде до посериозна шанса да израмни. Чувството е како Турција да е домаќин на овој натпревар бидејќи во Берлин поголемиот дел од навивачите се за Турција.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.