October 24, 2024 | | Свет
Динамо Загреб славеше со 2-0 на гостувањето кај Салцбург каде нашиот Стефан Ристовски запиша две асистенции и беше играч на натпреварот. Овој натпревар беше пренесуван на „Арена Спорт“ на кој коментираш српски коментатор. Она што хрватската публика го забележа е што коментаторот еуфорично ги доживувал шансите за домаќините, а сосема спротивно било кога Динамо Загреб имаше шанси и кога ги постигна двата гола. „Коментаторот е вистински професионалец нема што. Мора да има корени од Австрија кога волку го сака Салцбург“. „Неверојатно е колку коментаторот го мрази Динамо. Цел натпреварт зборува нешто, а за секоја шанса на Салцбург буквално се дере. Кога Динамо постигнува голови како да е на погреб“, беа некои од коментарите под ова видео.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |