Хрватска мора нешто да менува: Албанија води на полувреме (ВИДЕО)

June 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Хрватска мора нешто да менува: Албанија води на полувреме (ВИДЕО)

Хрватска губи на полувремето против Албанија во второто коло од групните фази на Европското првенство. Голот го постигна Лачи во 11. минута на асистенција на Асани. Ова воопшто не личи на Хрватска и во второто полувреме ќе мора нешто да се менува. Минатото коло Хрватите изгубија од Шпанија со 3-0 каде сите три гола паднаа во првото полувреме. Албанија од друга страна, во првиот натпревар против Италија го постигна најбрзиот гол на Европските првенства каде голот падна во првите 25 секунди, но Италија искусно го сврте натпреварот и постави конечни 2-1.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.