September 19, 2024 | | Свет
Мбапе сè уште се прилагодува на новиот клуб каде не само тој, но и клубот не играат добро. Иако постигна пет голови, не игра на нивото на кое тој знае. Тој си замина од ПСЖ бесплатно, иако претходните години додека беше нивни член тврдеше дека тоа нема да го направи и дека ќе се потруди францускиот гигант да прима оштета за него ако одлучи да замине. Сега двете страни се дури и пред суд бидејќи клубот му должи околу 55 милиони евра на Мбапе за различни бонуси кои биле вметнати во неговиот договор. Неколку месеци пред да замине, ПСЖ знаеше дека тоа ќе се случи бидејќи самиот Мбапе немаше намера и не беше отворен за нов договор, па тие беа свесни дека има договор Реал Мадрид. Агентот на Дани Олмо, Енди Бара случајно откри зошто ПСЖ не го пуштил Мбапе летото 2023 година да замине во Реал за одредена сума, туку тераше инает до крај и тој замина бесплатно. „Вие знаете колкави приходи носи Мбапе во француската лига. Тие беа свесни дека ако го пуштат уште тоа лето, целата лига ќе има проблеми со теливиските права и спонзорствата. Откако Мбапе замина, лигата веќе не е толку следена. Претпоставувам дека клубовите во Франција заедно со ПСЖ се договориле тој да замине по истекот на сезоната бидејќи на сите клубови тоа им одговараше. Моментално се соочуваат со тој проблем“, рече Бара.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |