Хрватскиот фудбалски клуб Горица отвори книга на жалост за Андреј Лазаров

March 18, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Хрватскиот фудбалски клуб Горица отвори книга на жалост за Андреј Лазаров

Хрватскиот фудбалски клуб Горица, каде што Андреј Лазаров настапуваше пред враќањето во Македонија и потписот со Шкупи, отвори книга на жалост во негова чест. Лазаров успеал да излезе од запалениот дискотека „Пулс“, но храбро се вратил за да помогне во спасувањето на други луѓе, при што го загубил својот живот. Во текот на 2024 година, македонскиот фудбалер беше дел од Горица, а неговата трагична судбина длабоко ги потресе и клубот и фудбалската јавност. „На градскиот стадион отворена е Книга на жаост за нашиот мил Андреј Лазаров кој прерано го напушти овој свет. Сите кои сакаат да се запишат во книгата можат да го направат тоа од денес до четвртокот на источмиот влез на стадионот“, напишано е во објавата на Горица.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.