Хрватскиот маестро пресуди: Модриќ го реши мечот со Болоња (ВИДЕО)

September 14, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Хрватскиот маестро пресуди: Модриќ го реши мечот со Болоња (ВИДЕО)

Милан ја запиша втората победа во новата сезона од Серија А, откако на „Сан Сиро“ со минимални 1-0 беше подобар од Болоња. „Росонерите“ не прикажаа особено впечатлива игра во првиот дел, со само еден удар во рамките на голот на гостите. Сепак, по паузата тимот настана поагресивно и го најде патот до мрежата. Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ во 61. минута го постигна својот прв погодок за Милан и на тој начин ги донесе трите бода за својот нов клуб.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.