September 7, 2025 | | Свет
Реал Мадрид летово започна ново поглавје под водство на Чаби Алонсо, кој на располагање доби неколку важни засилувања. Меѓу нив е и младиот стопер Дин Хујсен, за кого клубот издвои 60 милиони евра. Фудбалерот кој дојде од Борнмут веднаш го оправда вложувањето – тој одигра максимални 270 минути во првите три кола од Ла Лига и брзо се наметна како стандарден член на првиот тим. Хујсен паралелно се етаблира и во шпанската репрезентација, каде што по мечот со Бугарија откри интересен момент од собирите. „Некои соиграчи велат дека добро сум постапил што го избрав Реал Мадрид, а од редовите на Барселона знаат да ме задеваат за тоа. Ќе зборуваме на Ел Класико“, изјави со насмевка младиот дефанзивец.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |